Кога политиката се меша во судството независноста е разнишана а се поткопува и довербата. Бурни реакции од Судскиот совет , Врховниот суд , обвинителите по изјавите на Гаши и Заев дека меѓународни експерти ќе се вклучат во одредени судски постапки: Монструм, Диво Насеље, Алфи, случајот Алмир.
Зошто Владата замижува пред Уставот и Законите? Побитна ли е коалицијата или правдата?
Во Топ Тема со Снежана Лупевска Созен интервју со обвинителката Вилма Русковска, министерот Бојан Маричиќ а со спротиставени ставови дебатираат професорот од правниот факултет Гордан Калајџиев , Натали Петровска од Коалицијата за правично судење и поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска .
Ги пренесуваме и ставовите на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и Републичкиот судски совет.