Вести Економија Македонија Топ вести

Од денеска почнува инспекциска проверка дали цените се замрзнати

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Одлуката за замрзнување на цените која што беше донесена на последната седница на Владата веќе е објавена во Службен весник и стапи на сила.

“Од вторник, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите. Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа, кажа министерот Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Опозицискиот пратеник Љупчо Пренџов (Гром) во дебатата посочи дека владата премногу чекала за замрзнување на цените и дека цените треба да се вратат на ниво од август.

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прејхранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку години даде значителна финансиска поддршка за бизнисот.

„Во последните 3-4 години стопанството е најмногу поддржано во последните повеќе од 10 години. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони,-кажа министерот Бектеши и потенцираше дека кога станува збор за цените на репроматеријалите кои ги увезуваат компаниите до крајот на годината треба да биде усвоен од Владата Царинскиот тарифник каде што најголем дел од царинските тарифи се намалуваат на 0% или ќе бидат на исто ниво како на Европската унија, што значи помали трошоци за компаниите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе