Вести Македонија Топ тема

Топ Тема: Политичкиот дил Заев – Гаши за меѓународен мониторинг на одредени судски процеси отвора многу дилеми

Во македонската јавност не е непознато прашањето на меѓународни експерти да мониторираат одредени случаи и да даваат мислења за одредени случаи во комисиите кои го даваат репортот, ниту пак во извештајот на Господинот Прибе. Тие предмети се завршени, има предмети кои и не се завршени, меѓутоа даваа свои оценувања. Она што по мене сега би можело да биде е едно мониторирање во насока на тоа што досега се случувало во делот на фер постапувањето а тука се поставува и прашањето дали Европската Комисија ќе прифати такво мониторирање, изјави поранешната судијка во Европскиот суд за човековите права Маргарита Цаца Николовска, во вечерашната Топ Тема, на прашањето за информациите за меѓународен мониторинг на одредени правни случаи во Македонија, како Монструм и Диво Насеље, кои произлегоа по влегувањето на партијата Алтернатива во владата.

Натали Петровска, од коалицијата за правично судење, оцени дека меѓународна  истрага во оваа фаза на споменатите постапки е невозможна, бидејќи се поминати сите инстанци во македонското судство, доколку имало сомневања за правичноста на постапките досега ќе била завршена и постапката пред европскиот суд за човекови права, така што најверојатно станува збор за некои извештаи во кои што само ќе се констатираат некои состојби, но што понатаму со тоа е прашањето кое треба да се постави.

“Доколку се утврди дека нешто погрешно е направено, што со тоа понатаму” – изјави Петровска во Топ Тема.

Професорот од Правниот факултет, Гордан Калајџиев, оцени дека прашањето е повеќе за политичка отколку правна анализа.

“Една одговорна власт, во нормални услови, кога би сакала да реши ваков проблем, би му посветила повеќе внимание, би била повнимателна со тоа што се предлага, овде имавме дури несмасни изјави, прво меѓународна истрага за завршени случаи. Тоа го имавме еднаш ако се сеќавате и тогаш пропадна. Па се сведе на идеја за ревизија, значи не е ни мониторинг, бидејќи мониторинг е набљудување и тоа го имаме.“ – вели Калајџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе