Вести Економија Најважни

Владата денеска одлучува дали и колку ќе поскапи струјата?

Дали односно колку ќе поскапи струјата која ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи Владата ќе одлучи денеска но на затворена седница на која ќе се заклучи цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум а тоа има најголемо влијание врз цената што ја плаќаат граѓаните.

Јавноста најверојатно ќе ја дознае цената во четврток кога е тендерот на ЕВН Хоум на на кој ќе конкурира ЕСМ.

Иако официјално од Владата нема потврда дека ќе има поскапување, домашните и странстките експерти се децидни дека цената ќе мора да се зголеми а како потврда на тоа е договорот од преговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Алтернатива Гаши дека струјата нема да поскапи повеќе од 20 отсто.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, без прецизен одговор, колкава цена на струја ќе плаќаат граѓаните но уверува дека нема да има ценовен шок, кој би бил предизвикан како верижна реакција од поскапувањето.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, потврди дека табелите со проектираните пресметки и трошоци на ЕСМ за производство на струја за 2022 година се доставени во Владата и најави дека во план е наместо 60 отсто државните електрани да ја покријат целокупната потреба на домаќинствата за струја која ќе оди преку универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Во моментот со домашно производство се покрива повеќе од половина од дневната потрошувачка на струја што се должи на активирање на ТЕЦ Осломеј и враќање во функција на двата блока во РЕК Битола.

За потребите на ТЕЦ Неготино набавени се 36 илјади тони мазут, а со испораката на јаглен од Косово обезбедено е непречено работење на Осломеј во наредните неколку месеци.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе