Вести Македонија

Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од Владата

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена денеска на седница на највисокото партиско тело – Централен совет. Партиската средба ќе почне вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.

Денеска ќе биде донесена конечна одлука а повеќе информации ќе има на прес-конфренција по завршувањето на седницата, соопштија од партијата.

Лидерот на партијата Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев.  На вчерашната средба на двајцата лидери Заев и Гаши  беше постигнат напредок, но не беше прецизирано за колку вкупно министерски и директорски места се преговара. Алтернатива е заинтересирана за здравство, образование и земјоделство. Бараат и еден вицепремиер. Кадровските барања, Гаши ќе му ги соопшти на Заев по завршувањето на седницата на Централниот совет, по што викендов ќе се одржи уште една средба на која ќе се официјализира идната соработка на двете партии. Доколку Алтернатива одлучи да биде дел од Владата тогаш и четворицата пратеници ќе го зголемат парламентарното мнозинство.

Разврска на целата ситуација се чека и во Собранието каде останаа блокирани стотици закони а веќе еден месец нема закажано ниту една  собраниска седница . Не се одржаа ниту пратенички прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе