Вести Македонија Топ вести

Министерството за образование ги објави резултатите од вториот повик за субвенционирање на студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека во тек е генерирање и испорака на решенија преку порталот е-услуги на 9562 студенти кои ги исполнија условите и го остварија правото на субвенциониран студентски оброк во рамки на вториот рок од повикот за аплицирање. Посочуваат дека денеска ќе биде заокружен процесот.

Од МОН информираат дека вкупно 545 апликации се одбиени поради неисполнување на условите, додека 356 апликации подлежат на дополнителна проверка преку високообразовните установи околу статусот редовен студент на апликантите. Во моментов, вкупниот број на студенти кои го користат правото на субвенциониран студентски оброк е 27.234.

МОН потсетува и дека до крајот на денешниот ден, отворена е можноста да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за оние студенти кои ги исполнуваат условите согласно законот, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој нареден месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Од МОН потенцираат дека субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Хутите тврдат дека лансирале балистички ракети кон аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе