Македонија

Дијалогот на високо ниво е клучен за надминување на спорните прашања, заклучиле Заев и Радев

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба, и за надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот Зоран Заев, кои денеска разговараа телефонски, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е пишува во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Македонија, како и за нејзината европска перспектива.

Во меѓувреме, владата на денешната седница му го продолжи мандатот на Владо Бучковски за специјален претставник на владата на Македонија за Бугарија. Мандатот на Бучковски истекуваше утре, на 1 декември 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Тошковски: Ќе има одговорност за трагедијата во „Пулс“ – поднесени кривични пријави против функционери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе