Македонија

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги испратија корегираните изјави, но советниците на СДСМ не ги потпишаа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги коригираа свечените изјави со уставното име на државата. Рокот беше до денес и ги доставија до Државниот инспекторат за локална самоуправа. Но, сега пак непотпишани останаа изјавите на СДСМ и колацијата „Најдоброто за мојата општина“. Деветмината опозициски советници најавија дека денеска ќе испратат известување до инспекторатот, а во кое ќе наведат зошто нивните изјави не се потпишани.

Нашата советничка група согласно добиеното решение смета дека свечените изјави со уставното име треба да бидат потпишани на седница на Совет на Општина Штип, односно конститутивната седница да биде повторена, како што впрочем и е наведено во решението, вели Маријана Рогожарска-Поповска, координатор на советничка група СДСМ.

Координаторката на советничката група, Рогожарска Поповска вели дека одлуките како понатаму ќе дејствуваат во Советот ќе зависат од мислењето што ќе го добијат од инспекторатот за локална самоуправа. Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов на став е дека мнозинството направило отстапка за да не се блокира работата на општината.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе