Кочанските оризопроизводители ја имаат најлошата година. Цената на оризовата арпа и на белиот ориз е пониска од лани. Здравко Зашов од село Чифлик во својот амбар има складирано 15 тони ориз, за да си ги плати дел од трошоците морал да продаде дел од количината. Оризовата арпа во моментов се откупува за 17 или 18 денари за килограм
Оризопроизводителите бараат под итно да им се исплатат дополнителите три денари, што им ги вети Владата, во спротивно повторно ќе излезат на протести.
Зголемените цени на семенскиот материјал, нафтата, како и ниската откупна цена ќе придонесат наредната година да се намалат површини со ориз, оценуваат кочанските оризопроизводители. Сметаат дека оваа култура, која е карактеристична за овој регион пополека ќе ја снемува од нивното поле.
Викторија Димитрова Јованова