Вести Македонија Топ вести

„Зелен хуман град“ бара под итно да запрат градежните активности спроти Холидеј Ин

Граѓанското здружени „Зелен хуман град“ бара под итно да запрат градежните активности спроти Холидеј Ин во центарот на Скопје.

„Револтирани сме од комплетната нефункционалност односно од комплетното отсуство на институции во Македонија кои доведуваат до навидум безизлезни ситуации како оваа што ја имаме со просторот спроти „Холидеј ин“. Очигледен и оправдан е очајот кај новомаалци кои урбанистичката мафија со децении ги држела во безизлез и крајно нехумани услови, за сега да им се претставува како спасител“, објавуваат на својот сајт од Зелен хуман град.

Потсетуваат дека Јавното обвинителство во мај годинава ја доби иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата за спорниот ДУП која ја опфаќа локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.

До денес, велат, јавноста нема добиено никаков одговор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ниту од Обвинителството иако се поминати четири, односно шест месеци од денот кога овие институции ги примиле пријавите. Градежните активности на паркингот спроти „Холидеј ин“ мора да запрат, а постапката во Обвинителството не смее повеќе да се одолговлекува!

Зелен хуман град ги објавува следниве барања:

  • 1. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Јавното обвинителство најитно да си ја исполнат својата должност и да го заштитат јавниот интерес, а новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.
  • 2. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП. Во моментов е издадено одобрение за еден од 3 планирани објекти на една од 3 парцели. Можноста за издавање одобрение за другите 2 објекти-кули на првата парцела и за окрупнување на другите 2 парцели и целосно приватизирање на овој простор без содржини од јавен интерес, во моментов институциите ја оставаат ширум отворена. 

Двете страни на паркингот спроти „Холидеј Ин“ – помеѓу трошните куќи и грандиозните згради

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе