Вести Македонија Топ вести

Бугарија ја задржува својата единствена позиција кон Македонија- Радев закажа седница на собранието на 3. декември

Бугарија ја задржува својата единствена позиција кон Република Северна Македонија. Ова го заклучија партерите во коалицискиот договор за формирање на нова бугарска влада, јави БГНЕС.

Учесниците во дебата, Кирил Петков, Даниел Лорер и Асен Василев, Кристијан Вигенин од бугарските социјалисти, Димитар Гардев од Има таков народ и Стефан Тафров разговараа за билатералните односи со Северна Македонија.

На самиот почеток на дискусијата, Вигенин повика експлицитно да се нагласи дека „Бугарија ја задржува досегашната политика и се придржува до Рамковниот став усвоен од бугарскиот парламентот во ноември 2019 година“.

Кристијан Вигенин истакна дека декларацијата е сосема пожелна, додека Рамковната позиција детално опишува многу работи. Таму може да се разгледа доследноста, но во реалноста немаме друг став во овој момент, од оној кој беше одобрен во 2019 година. „Правиме чекор со кој се ревидира оваа позиција, бидејќи ова, доколку се случува воопшто, владата може да го направи кога ќе го формира следното Народно собрание“, нагласи Вигенин.

Новата влада за сеганема намера да ја ревидира позицијата усвоена од Народното собрание. А тоа подразбира дека ќе се бранат националните интереси на Бугарија и нема да има компромиси со историската вистина, врз основа на документи и факти.

Претседателот Румен Радев на 3 декември во 9 часот ја свикува првата седница на новоизбраното 47. Народно собрание, соопшти Претседателството.

Откако ќе се свика, парламентот избира раководство и се формираат парламентарни групи. Најголемиот од нив – „Продолжуваме со промената“ го доби првиот мандат за формирање кабинет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе