Вести Македонија Топ вести

Втор ден прекин на железничкиот сообраќај

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државав втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември  имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе