Вести Македонија

Тетовец се обидел да прегази полицајци, по што избегал

Тетовската полиција бара 41 годишник кој ноќеска побегнал при запирање на неговото возило на автопат, а при тоа според информациите на СВР Тетово се обидел и да ги прегази сообраќајните полицајци. При инцидентот полицајците испукале и предупредувачки куршуми во воздух.

-Околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово, вршејќи службени дејствија, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Требошки надвозник, запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Р. од тетовско Мерово, а во кое се наоѓало уште едно лице. По запирањето, М.Р. го стартувал возилото и се обидел да прегази двајца полициски службеници, оштетил две службени возила на СВР Тетово и се оддалечил од местото, додека од полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе