Вести Економија Свет

Девалвацијата на лирата ги извади Турците на улиците на Истанбул и Анкара

Истанбул и Анкара синоќа беа преплавени од луѓе во спонтаните протести по големата девалвација на турската лира.

Демонстрантите извикуваа слогани против владата и владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП), барајќи од владата да поднесе оставка, а владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се повлече од власта.

Полицијата ги растера толпите во двата града.

Турската валута вчера постави нов црн рекорд во својата вредност, кога од 11,37 падна на 13,21 лири за долар.

Како што изјави турскиот финансиски аналитичар Арда Тунџа, вака големиот пад во еден ден на турската национална валута е најголем во последните две децении.

За потсетување, од јануари годинава турската валута загуби 70 отсто од својата вредност.

Турската Централна банка минатата недела ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата и инфлацијата, од 16 на 15 проценти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе