Македонија Топ вести

Хусеини за Телма: Државниот инспекторат не „спие“, туку не е надлежен за безбедност на сообраќајот

Во последната година се извршени четири вонредни инспекциски надзори на граничниот премин „Деве Баир“ каде „Беса транс“ вршела слободен меѓународен превоз на патници и притоа се утврдени неправилнсти во однос на непочитување на Протоколот за јавен превоз на патнции и фирмата е соодветно санкционирана, но не се утврдени и пропусти во однос на документацијата и потребните лиценци, вели директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.

Тој е сигурен и дека автобусот бил регистриран, но, како што вели во интервју за телевизија Телма, немал извод од лиценца.

-При надзор, инспекторите ја прегледуваат комплетната документација, лиценца, извод од лиценца, сертификат за возачи. Но, фирмата немала такви пропусти при вршење на контролите. Прашањето е кога е купен автобусот, дали работел цела година, колку време работел – тоа треба да го каже Царинската управа зашто таа води таква евиденција. Ако авотбусот немал извод од лиценца, Царинската управа требаше да му забрани излез од Севрна Македонија, дециден е директорот.

Според него, денеска компанијата не била проверувана.

-Донесов наредба за вонреден инспекциски надозр по насоки на Владата. Собираме документација од Министерство за транспорт за лиценцата, изводите од лиценцата, вработените возачи, за наредните денови да го извршиме вонредниот надзор, а по наодите што ќе се откријат, ќе се преземат соодветни мерки, обајсни Хусеини.

Тој информира и дека секоја година е се помал бројот на инспектори па поради тоа, надзори се вршат, но во рамки на можностите на Инспекторатот.

-Не можеме да вршиме контрола на сите превозници, туку според месечните и годишните програми. Бројот на инспектори е намален, примавме четворица нови кои уште не се лиценцирани да вршат надзори, толку се нашите капацитети, вели директорот.

Според него, Државниот инспекторат не „спие“, туку не е надлежен за безбедност на сообраќајот.

-Безбедноста на сообраќајот ја контролираат МВР и Министерството за транспорт. Често добивме вакви обвинувања и прашања кои не се во наша надлежност. Ние вршиме надзор на актите што ги издава Министерството за транспорт и врски, а тоа се лиценци, дозволи, изводи од лиценци, сертификати за возачите кои и ако ги нема, не може да дојде до сообраќајна незгода, подвлекува директорот Хусеини.

Со Хусеини разговараше нашиот Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе