Кошарка Спорт

Бајиќ: Имаме сериозни ривали, но јас сум оптимист

Македонската кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Светското првенство. Прв противник ни е селекцијата на Шпанија која е актуелен светски првак и најголем фаворит за освојување на првото место во групата.

“По моето доаѓање најавив дека ќе го подмладуваме тимот и истовремено ќе се бориме да имаме подобри резултати. Овој циклус, со вакви звучни имиња, сигурно добро ќе му дојде на тимот и на оваа селекција за следниот период. Го пропуштивме претходното ЕП, но се надевам дека ќе играме понатаму. Имаме сериозни ривали како Шпанија, Грузија, Украина. Нема да биде лесно, но јас сум човек-оптимист и верувам во она кое го работам. Во кариерата сум победувал посилни со многу полоши тимови. Во првиот натпревар против Шпанија мора да влеземе со голема самодоверба и мотивација затоа што се носи дресот со државниот грб и ако ни се даде шанса, да изненадиме. Мора да бидеме реални, Шпанија со било кој тим да дојде, мора да имаме максимален респект кон тој ривал. Во тимот се играчи кои играат во големи клубови. Но, мора да веруваме во нас и се надевам дека публиката ќе дојде во голем број и ќе биде наша поддршка”, изјави селекторот Драган Бајиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе