Вести Македонија Топ вести

Радев со сочуство до Пендаровски: Десетиците изгубени животи се непрежалена загуба за нашите братски земји

Шефот на бугарската држава, Румен Радев, утринава му изрази сочувство на својот колега, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус со македонски регистерски таблички доживеа несреќа во која загинаа неколку десетици патници.

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

„Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји“, се наведува во сочуството на бугарскиот претседател  Радев.

Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе