Вести Економија Топ вести

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечер на полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03%, при што намалување има кај Еуродизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, додека цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар и сега ќе изнесува 66,50 денари/литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 66,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар и сега ќе чини 66 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.

Малопродажната цена на автоплинот во складот на Макпетрол изнесува 44 денари/литар, ТНГ во боци продажба од бензиските пумпи изнесува 85,00 денари додека пак продажбата на ТНГ од складот изнесува 82, 00 денари. ТНГ во A/C во складот во Гостивар и Миладиновци изнесува 78,00 денари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе