Останато Спорт

Двоен слаломски триумф на Влхова во Леви

Петра Влхова исто како и вчера, така и денеска славеше на слаломската трка во финскиот ски-центар Леви во рамки на Светскиот Куп во алпско скијање.

Скијачката од Словачка дојде до четврта победа по ред во Леви со вкупно време 1:45,22 минути по двете трки. За Влхова ова беше вкупно 22.победа во кариерата во Светскиот Куп.

Денеска се повтори победничкиот подиум од вчера, бидејќи втора заврши Микаела Шифрин од САД со 47 стотинки заостанување, а трета беше Германката Лена Дуер.

Влхова очекувано е лидер во слалом со максимални 200 бодови од две трки, а Шифрин е втора со 160. Во генералниот пласман по четири извозени трки, двете скијачки се израмнети на врвот со по 260 бодови.

Следниот викенд скијачките се селат во САД, каде во Килингтон на програмата се трките во велеслалом и слалом.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе