Економија

Ралповски: Еден наставник во основно мора да зема 37.000 денари плата

Со покачувањето на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати на вработените во однос на коефициентот на сложеност, вели претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски. Според него ако минималната плата е 15.000 денари, тогаш наставниците мора да земаат 37.000 денари.

Ако еден наставник во основно образование, при основна плата со колективен договор додека беше 9.300, неговиот коефициент на сложеност е 2.503 и земал 20 илјади денари плата, сега доаѓаме до ситуација во која минималната плата треба да се поможи со тој коефициент и еден наставник да зема 37 илјади денари плата. Тоа важи и за административните службеници и за вработените во јавните претпријатија и за акционерските друштва коишто ги формираше државата, а верувајте никаде по вертикала не се усогласени платите, изјави Ралповски во интервју за Радио Слободна Европа.

Ралповски ја оцени како противуставна, незаконска и уцена до работниците, одлуката тие да не може да одат на работа доколку не се вакцинирани. Најави дека синдикатот ќе се бори против тоа со сите легитимни средства.

Работниците во јавниот сектор се најсиромашните работници, кажавме дека 70 – 80 илјади од тие работници земаат минимална плата и да ги оптоваруваме со ПЦР тестови за да можат да одат на работа, мислам дека не е ниту хумано, ниту човечки да се кршат основните човечки права и затоа ние велиме дека оваа мерка е радикална и доколку Владата ги усвои, ние ќе ги употребиме сите синдикални легитимни средства за да се спротивставиме на овие мерки, рече ралповски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе