Ковид19 Македонија

Пандемијата удри врз менталното здравје

Пандемијата целосно ги промени животните навики кај граѓаните, но остави и сериозни последици по менталното здравје, покажуваат научните истражувања на научните работници од Битола, направени во изминатите речиси две години живот со Ковид-19.

Младите и здравствените работници беа меѓу најпогодените категории, едните поради целосна промена на стилот на живеење, другите поради зголемениот обем на работа, исцерпеност, но и притисокот од јавноста во оваа здравствена криза. Сето тоа влијаше различно кај различни типови на личности, велат експертите.

Повеќе трпеа екстровертните, затоа што нивниот начин на живеење, во комуникација, активности, овие услови го спречија тоа. Тие беа во една понеповолна положба, за разлика од интровертните, кои и онака црпат повеќе енергијата кога се сами, кога размислуваат, вели проф. Др Сашо Кочанковски, психолог.

Дел од населението во пандемијата конзумираше  храна повеќе од обично, а поради намалената физичка активност, голем проценст се соочија со проблемот на дебелината.

Мислам дека е очигледно дека кај поголем дел од попуалцијата се јави прекумерна тежина, поради прекумерната количина на храна. Затоа што бевме огрничени во движењето и секој за да ја смири таа паника и неровоза посегнувше по храна, па дел од популацијата не се хранеше здраво, вели проф. Др Невена Груевска.

Едно истражување пак покажа дека за време на пандемијата, од анкетирани 33 научни работници, поголемиот дел одговориле дека напишаа по 2 до 3 научни трудови.

Емилија Мислириевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе