Себастиен Ожие ја освои шампионската титула во Светскиот рели шампионат за 2021 година.
Во последните девет сезони Французинот стигна до својата осма шампионска титула. Ожие триумфираше на последното Рели оваа година што се одржа во Монца и успеа да го победи својот тимски колега од Тојота, Елфин Еванс, кој имаше излетување на претпоследната етапа денеска и загуби драгоцено време. Дани Сордо денеска финишираше на третото место со автомобилот на Хјундаи.
Ожие сезонава триумфираше на вкупно пет релија, а во генералниот пласман заврши со 23 бодови повеќе во однос на Еванс, додека трет е Тјери Нојвил. Тојота очекувано ја освои титулата кај конструкторите.
Следната сезона Ожие нема да вози во Светскиот рели шампионат и ќе се обиде во друга серија, односно ќе се натпреварува на 24 часа Леман.