Пред почетокот на подготовките за претстојните два дуели од квалификациите за пласман на Светското првенство во кошарка, селекторот на македонската репрезентација Драган Бајиќ го скрати списокот на играчи на кои смета за соочувањата со Шпанија и Украина.
Бајиќ на располагање дефинитивно ќе го нема Ненад Димитријевиќ кој е повреден, а во конкуренција се :
Бојан Крстевски 206 см МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов 187 см МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев 193 см МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ 195 см МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски 198 см МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ 185 см Пелистер
Стојан Ѓуроски 202 см Пелистер
Љубомир Младеновски 207 см Пелистер
Виктор Ефремовски 194 см Гостивар
Андреј Маслинко 208 см ТФТ
Кирил Николовски 210 см Кожув
Лејсон Зекири 203 см Приштина-Косово
Андреј Магдевски 192 см АСУ Плоешти-Романија
Теодор Симиќ 216 см Барселона-Шпанија
Џејкоб Вајли 203 см Будуќност-Црна Гора
Подготовките ќе се одржат во СЦ Јане Сандански, првиот натпревар против Шпанија го играме во Скопје на 26 овој месец, а почетокот е закажан за 19 часот и 30 минути. Три дена подоцна нашата селекција гостува во Киев.
ФОТО: Игор Паневски