Здруженија на граѓани, занаетчии, микро претпријатија имаат иницијатива, но заради немање на законска регулатива не можат да станат социјални претпријатија. Европските искуства велат дека во нив треба да се вклучат и општините и државата.
Барбара Садовска од полската фондација „Барка“ на македонските власти, здруженија и бизнис заедницата им го пренесува искуството. Според неа важно е ранливите категории да не зависат од добротворството, туку да имаат центри каде ќе бидат вклучени и ќе придонесуваат.
Во земјава мал број на организаци и фирми ангажираат социјални случаи, зависници од друга и алкохол, самохрани родители, болни од карцином и од други социјални категории во нивниот процес на работа и производство. Овие фирми и организациции засега имаат олеснување преку Законот за јавни набавки, а финансиска поддршка од Фондот за иновации .
Социјалната економија во Европската унија обезбедува над 13, 6 милиони работници, а вклучува и голем број на волонтери.
Викторија Димитрова Јованова