win-win Македонија Топ вести

Ивановска во Вин-Вин: Случајот со “Холидеј Ин” не е завршен, новиот градоначалник може да се охрабри и да ги врати комуналиите

Претседателката на Државната комисија за борба против корупцијата, Билјана Ивановска во вечерашното интервју за емисијата Вин-Вин на Телма оцени дека изјавата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за тоа дека во изборниот процес биле во игра многу пари, дел од нив е многу сериозна изјава и ако тој имал такви сознанија, требал до нив да ги пренесе а не откако ќе ги изгуби изборите да коментира.

“Институциите треба да функционираат. Тука е управата за финансиско разузнавање, позади премиерот стоеше министерот за внатрешни работи, така што нашата цел е секогаш институциите да профункционираат и да ги дадат своите наоди” – вели Ивановска.

Во однос на злоуптребите кои се случуваат околу градежните проекти кои го окупираа вниманието на јавноста, како случајот околу “Холидеј Ин” , според Ивановска таму точно се гледа и може да се препознае кој за што бил одговорен и каде го ставил потписот и да се каже дека тој детален урбанистички план воопшто не е во согласност до генералниот урбанистички план.

“Сите тие што се потпишале, ја злоуптребиле својата функција, за што ние и дадовме кривична пријава а од друга страна тој ДУП е направен врз основа на претходниот ГУП, значи таму е се испомешано, само да се направи нешто што на некому ќе му одговара. Затоа мислам дека за тоа до сега треба јавното обвинителство да се произнесе, затоа што се работи за многу значајно подрачје во Скопје, срцето на Скопје е тоа.” – вели Ивановска.

Ние сме за тоа сите планерски работи да бидат усогласени со ГУП-от, а и новиот ГУП да се донесе врз основа на релевантните показатели.

Според Ивановска , случајот околу Холидеј Ин не е целосно завршен и ДКСК во моментов работи на тоа како е издадена дозволата и наскоро ќе излезат со со свои наоди.

“Но, од друга страна, сега имаме нов Совет, имаме нов градоначалник, па тој може и да се охрабри, за јавниот интерес да го задоволи и едноставно да ги врати комуналиите на инвеститорот и да го даде тој простор на конкурс, како што беше даден и просторот кај поранешната фабрика Треска” – изјави претседателката на ДКСК.

Ивановска подвлече дека треба да се остави на професионалците да ја вршат својата работа.

“Она што беше трагично со Холидер Ин е тоа што во деталниот урбанистички план, нели тој беше под мораториум и изработката на новиот се правеше на барање на инвеститорот а не обратно. Инвеститорот треба да се прилагоди на тоа што е јавен интерес а не тој да кажува нему што му треба , за да оствари поголем профит. Значи се е некако изместено. ” – оцени Ивановска.

Ивановска изјави дека голем дел од 710-те избрани и именувани лица кои не го ажурирале својот анкетен лист се луѓе кои не ни знаеле дека треба да го поднесат. Има и дирекори на училишта, членови на комисии, управни одбори, но има и такви кои не знаеле.

“Штом си избран или именуван, мораш да поднесеш, те фаќа законот” – смета Ивановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе