Вести Економија Македонија

Парното ќе поскапи 2,5 пати ако државата не го субвенционира ТЕТО со 25 мил. евра, прогнозира Мицкоски

-Не знам колку ова е вистина, но, добив информација од прилично релевантни извори. Тоа е дека гас, топлификација односно ТЕТО има до 31-ви декември 2021-ва. Што значи ако не обезбедат количини на гас од 1.01. 2022., скопјани може да останат без затоплување, рече Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Топ Тема на Телма.

Според Мицкоски ТЕТО може да обезбеди гас, но со трипати повисока цена од досегашната.

-Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат 2,5 пати повисоки сметки бидејќи 70% од цената на килокалорија што ја троши еден стан, е учеството на гасот. И тоа чини 25 милиони евра субвенции од државата на ТЕТО доколку сакаме цената на парно да остане иста, тврди лидерот на опозицијата Мицкоски.

На прашањето дали има решение со зелена енергија за актуелната состојба во енергетика и како треба да се справиме, Мицкоски вели дека излезот е многу скап и над 200 милиони евра.

-Сега е доцна. Има решение, но чини многу пари. Недостасуваат близу 200 милиони евра во енергетскиот систем (плус 25 милиони погоре спомнати) за да го затвориме билансот. Ете 65 милиони евра, над 4 милијарди денари дадоа. Фалат уште 150/60, сто седумдесет милиони евра, потенцира лидерот на опозицијата и поранешен директор на Електрани (ЕЛЕМ/ЕСМ).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе