Локални избори 2021 Македонија

Советниците од општина Штип ќе потпишан нови изјави, но ќе се жалат и на второстепена комисија

Свечените изјави со уставното име ќе ги потпишат, но ќе се жалат и на второстепената комисија на Решението со кое претходните изјави е забележано дека не им се уставни, а одлуките кои ги донесоа на седниците им се неважечки, ова е ставот на мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ, кое денеска се појави на третата седница на Советот на Општина Штип.

Опозициските советници од СДСМ и коалиџионите партнери дојдоа до вратата, но откако пред салата ги слушнаа изјавите на мнозинството кои ги дадоа на новинарите  и беа информирани оти нема да им се дадат свечени изјави со уставното име не влегоа да бидат дел од расправата.

Во салата остана само опозицискиот советник Зорна Костовски, на кого не му беше верификуван мандатот, но службите за потпис му ја понудија свечената изјава без придавката Северна.

Додека се чекаат роковите за советничките свечени изјави, денеска мнозинството си го изгласа ребалнсот на буџетот, но и се разрешија старите и се именуваа нови членови на управните одбори на јавните претпријатија, како и на училиштата, со што почнува постапката за смена на директорите, иако дел имаат мандати и до крајот на учебната година.

Викторија Јовановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе