Вести Економија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари

Денеска почнува собраниската расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари. Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договореното и комисисјата расправа да почне денеска. ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира во Собранието донесувањето на буџетот за наредната година, изјави Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски за Телма вели дека и покрај политичката криза и битката за парламентарно мнозинство тие ќе го поддржат дури и на пленарна седница, бидејќи е важен документ за граѓаните. Комисија за финансирање и буџет е без претседател откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, па собранискиот спикер  Талат Џафери ја назначи заменичката Марија Петрушевска, да ја води комисијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе