Вести Македонија Најважни

Жителите на Маврово со предупредувачки протест – единственото решение за рушење на дивоградби се уште не е реализирано

Незадоволството кое произлегува од нерешавањето на основни комунални проблеми, урбано дивеење, бетонизација, продавање на државно земјиште и национално природно богатство, жителите на селата и викенд населбите во Мавровскиот регион го искажаа денес преку предупредувачки протест.

Велат дека надлежните институции останале глуви на нивните барања за решавање на овие проблеми, а единственото решение за рушење на дивоградби се уште не е реализирано.

Багерист сакал да го прегази претседателот на месната заедница Леуново поради дивоградбите на Маврово

Поради многуте проблеми жителите со предлог во општината да има и нивен претставник.

Жителите реагираат дека немаат вода во летните месеци, но и кога има таа е загадена. Дополнително револтирани се што плаќаат сметки без поставени водомери.

Угостителите загрижени дека поради загадувањето на водите и уништувањето на природата ќе има штети за туризмот.

Од Иницијативниот одбор на протестот велат дека доколку не се прогласи мораториум и не се исполнат нивните барања, ќе покажат граѓанска непослушност со неплаќање сметки и ќе организираат блокада на патишта.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе