Вести Економија Македонија Топ вести

Банките за девет месеци од годинава заработиле 117 милиони евра – исто колку цела година лани

Повеќе од 117 милиони евра. Толку заработиле домашните банки за само девет месеци од годинава. Или исто колку што им бил профитот за цела година лани. Тогаш добивката им била 118 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека ако продолжат со ова темподо крајот на годината, банките ќе постават историски рекордна добивка од кога постојат до сега. Експертите велат високиот профит е резултат на разликата меѓу ниските камати кои ги даваат за депозитите и високите кои ги наплатуваат за кредитите. Велат можеби е време да се размислува за прогресивно оданочување.

Бројките покажуваат дека покрај од камати, заработувачката на банките расте и од провизиите. Вкупно наплатиле 332 милиони евра од граѓаните и компаниите на име камати, провизии и надоместоци. 227 милиони евра биле само од камати, од кои најмногу дури 127 од домаќинствата.

Додека пак од провизии и надоместоци од граѓаните и фирмите наплатиле речиси 105 милиони евра- има за 30 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Граѓаните негодуваат – велат провизиите и каматите на банките се превисоки за нашиот стандард.

Бројките покажуваат дека најдобро им одело на големите банки.

Податоците на Народната банка покажуваат дека речиси целиот профит од 117 милиони евра завршил кај петте големи банки. Тие за девет месеци од годинава прикажале добивка од 104 милиони евра. Кај средните банки завршиле 11,5 милиони, а малите прикажале добивка од 2 милиони евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе