Македонија Најважни

Реџепи: Бев кај пријател со семејството за да се заштитам од публицитетот

„Не сум исчезнат туку бев кај пријател заедно со семејството“ им раскажал на полицијаците пратеникот од редовите на БЕСА. Потрагата по него заврши претпладнево откако тој самиот дошол во полициската станица „Бит Пазар“ во Чаир за да ја стопира истрагата откако синоќа беше пријавен за исчезнат од свој роднина. Реџепи, негирал дека бил присилен или задржан да присустува на собраниската седница, а МВР пријавата за него ја затвора со заклучок дека зборува и постапува своевоелно.

МВР ве известува дека пред малку Кастриот Реџепи своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, велат од МВР.

Час претходно Реџепи од својот личен фејсбук профил порача кусо и отсечно „Се гледаме во понеделник и ќе одржам прес-конференција“ со молба до медиумите да бидат трепеливи до неговото појавување во јавност. Синоќа тој стана недстапен за неговите сопартијци, не се појави и во Sобранието, и го извиси договореното мнозинство за уривање на владата. Собраниската иницијатива пропадна, a Реџепи денеска има порака и до својата матична партија, движењето БЕСА.

 На крајот, апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активности. Треба да се постапува внимателно. Им се заблагодарувам на своите пријатели, семејството и на сите поддржувачи за поддршката, напиша Реџепи на Фејсбук.

Неговиот партиски лидер, Биљал Касами не верува во зборовите на Реџепи, ниту во неговото синоќешно обраќање сомневајќи се дека тој e исчезнат и присилен да зборува. Касами не успеал да ги добие на телефон него, неговата сопруга и мајка, а трага се губи и за неговите деца и затоа Касами вчера попладне тој го пријави исчезнувањето на Реџепи.

Тој се обрати на бела позадина, во бела кошула со пристап до интернет во снимено видео и кажа дека е на сигурно. Имал закани од сопартијци, но самиот одлучил да не дојде во Собранието и да гласа за недоверба на владата, иако ден претходно своерачно се потпишал на иницијативата како 61-от пратеник.

Мистерија каде се наоѓа пратеникот продолжи преку целиот ден, бидејќи тој не ја откри локацијата, а партиите го искористија неговото физичко отсуство за да плетат приказни каде е Реџепи, но и меѓусебно да се обвинуваат за киднапирање и закани кон пратеникот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе