Свечените изјави без уставното име што ги потпишаа штипските советници од ВМРО ДПМНЕ и Левица се спротивни на уставот е заклучокот на инспекторите од државниот инспекторат за локалната самоуправа. Решението опомена до градоначалникот ан Општина Штип и до претседателот на советот е пристигнато попладнево. Според она што го пишува во решението советниците од мнозинството ќе мора да потпишат нови свечени изјави, но и да се повторат одлуките кои во меѓувреме се донесени.
Свечените изјави треба да се усогласат со Уставот, бидејќи тој е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејство и сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него, решение опомена на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Советот има рок од 15 дена да постапи по одлуката на инспекторатот . Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов вели дека очекува да го види решението, кое до службите пристигнало доцна попладне, по што ќе имаат координација и ќе го кажат својот став како понатаму ќе постапат согласно добиеното решение од државниот инспекторат. Инаку за в понеделник е закажана и трета седница на Советот, на којашто треба да се носи и ребалнс на буџетот. Но, доколу штипската позиција непостапи согласно добиеното решение од инспекторатот во рокот кој им е даден, во тој случај можат да се соочат и мерката „забрана за прописи“. Ова ќе значи целосна болокада на работата на Советот на општината.
Викторија Јованова