Ковид19 Македонија

Нема нови Ковид-мерки, доволни се постоечките порача Комисијата, додека цел регион полека се затвора

Иако регионот ги затегнува Ковид-ограничувањата, македонската Комисија за заразни болести денес одлучи сè уште да се потпира на постоечките и не толку засилени мерки. Сертификат за вакцинација е задолжителен за секаде да се влезе и присуствува иако на многу места не го ни бараат на увид, а основните превентивни мерки како сапун, вода, дезинфекција, маска и растојание и понатаму остануваат да важат. Но, ништо повеќе од тоа. Кафулињата, ноќните клубови, рестораните остануваат без никакви ограничувања на своето работење ако гарантираат дека нема да бидат исполнети целосно.

Сега доаѓа период на семејни слави, апелирам граѓаните и оваа година како и претходната, ако можат или да не ги организираат истите или пак да ги организираат, но во помал семеен круг. Собири каде што нема можност да се почитуваат превентивните мерки се ризик епидемиолошката ситуација да се влоши. Во изминатите две години имавме многу мини-бранови коишто тргнаа прво од ифтари, од семејни слави во различни периоди од годината, тоа се семејни собири во домовите на луѓето, тоа не може да се исконтролира. Тука е државата со институциите, да исконтролира онаму каде што може, меѓутоа граѓаните мора да се совесни, изјави Филипче.

Комисијата за заразни болести денес се состана по подолго време за да ја анализира Ковид-состојбата, но оцениле дека засега доволни се постоечките мерки. Сепак министерот уверува експертите со внимание следат што се случува во регионот каде што нови мерки се воведуваат секојдневно и каков резултат ќе дадат истите.

Насекаде во соседството состојбата полека излегува од контрола и болничките капацитети постојано се оптоваруваат. Од Црна Гора денес стигнува информацијата дека новогодишни прослави на отворено се забранети, како и масовни собири и концерти и сето тоа почнува да важи од 15 ноември. Во Србија пак, угостителските објекти работат со скратено работно време, а децата добија продолжен есенски распуст. Во Словенија веќе се затворија дискотеките.  Во Бугарија уште од септември е ограничено работното време на рестораните, ноќните клубови и обложувалниците, а семејни прослави на затворено се дозволени со најмногу 30 гости.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе