Македонската армија го заврши приправничкиот стаж во НАТО и од вторник и официјално, со потпишување на документ од страна на Алијансата, ќе и биде потврдено дека ги исполнила критериумите да биде целосно рамноправно третирана во армиските и командни структури на НАТО.
Овој процес, како што информираат од Министерството за одбрана и Генераштабот на АРМ, е завршен во предвидениот рок од две и пол години. Како резултата на тоа со македонски офицери до крајот на годинава ќе се пополнат шест позиции во командните структури на НАТО, а идната година со уште четири. За процесот на целосно интгерирање сменети се 8 закони, усвоена е нова структура на АРМ, започната е модернизација и доопремување на армијата пред се на лесната пешадиска единица, по што ќе следат артилеријата и противоздушната одбрана, а со НАТО безбедносен сертификат досега се здобиле 150 припадници на АРМ.
Во рамки на процесот, како што информираат од Одбрана, е и замена на билатералниот договор со Грција за обезбедување на македонското небо со аранжам со Алијансата са кој патролирањето на македонското небо ќе биде обврска на НАТО. За тоа што Македонија и две години како полноправна членка се уште нема свој воен претставник во НАТО, од Одбрана и Генераштабот велат дека и за тоа се исполнети се условите, но оти одлуката за тоа е во рацете на шефот на државата.