Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на Фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасиска полиција.
„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ – напиша Јаулески на Фејсбук.

„Утрово во домот каде што живеат моите родители во 05.20 дојде финансиска полиција со налог и изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи мојот татко. Ова го толкувам како последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието“ кусо изјави Јаулески во телефонски разговор за Телма.
Телма се обиде да добие информација од Управата за финансиска полиција за тоа што всушност станува збор, но до овој момент одговор не добивме.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.