Ковид19 Македонија

Вкупно 21 починати од Ковид во последниот билтен на МЗ-нови 656 случаи и 273 оздравени

Во последните 24 часа од направени 3.597 тестирања регистрирани се 656 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 273 пациенти, а починаа 13 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаразените, 257 се во Скопје, во Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по осум, Струга – шест, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по четири, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по три.

Оздравени пациенти се регистрирани во Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по шест, Тетово и Неготино – по четири, Делчево – три, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по два, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по еден.

Во Скопје починати се четири лица на возраст од 67, 76, 80 и 86 години, две починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Направени се 3.597 тест преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–86, ЦЈЗ Куманово-54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–337, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-124, Биотек-166, Систина-64, лабораторија Лаор-110, Синлаб-15, Ремедика-26, Плодност–45, Генеа-7, Никоб лаб-250, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-46, Ројал Медика –18, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.510.

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе