Македонија

Една година затвор за полицаецот од Битола кој тепаше Ром пред поштата во градот

Македонското здружение на млади правници информираше денеска дека Основниот Кривичен Суд Скопје, донел првостепена пресуда со која полицискиот службеник Г.П вработен во СВР Битола се прогласува за виновен и истиот се осудува на казна затвор во траење од една година за делото Малтретирање во вршење на службата член 143 од Кривичниот законик.

Станува за збор за настанот кој се случи пред нешто повеќе од една година, кога полицајците, како што се виде на тогаш објавената видео снимка, употребија сила врз група роми, пред поштата во овој град, откако синот на тепаниот Невзат Јашаровски, возејќи автомобил, удрил во бандера.

Потоа следуваа и протести на Ромите жители на Битола, кои обвинуваа за полициско насилство. МВР во септември минатата година  поднесе кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција против полицаецот осомничен за малтретирање во вршнење на служба , поради неоснована употреба на физичка сила против битолчанецот.

Натепаниот Невзат Јашаровски за веб медиумот sdk.mk изјавил дека е благодарен за пресудата бидејќи не очекувал да биде во негова корист.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе