Ковид19 Македонија

Почнува новиот Ковид-бран, вакцинацијата стагнира, а нови мерки се можни

Ковид-состојбата во земјава веќе не е стабилна, а темпото на вакцинација опаѓа – порача министерот за здравство доктор Венко Филипче, на првото свое појавување по локалните избори.

Во проценти го појасни влошувањето на состојбата. За 25 отсто пораснал бројот на новодијагностицирани, споредено со неделите пред тоа. 518 пациенти во моментов се во болнички кревет, а тоа е исто така бројка поголема за околу 15%.

Ова влошување е очекувано според Филипче, најмногу заради критичната состојба која е речиси насекаде во регионот.

Пресвртница во борбата со вирусот може да биде најновиот антивирусен лек, за кој и здравствените власти од Македонија веќе изразиле интерес за набавка.

„Ваквиот раст може да се каже дека е на некој начин очекуван имајќи предвид и гледајќи што се случува во регионот каде што има огромен број на дијагностицирани случаи и силен удар кон болниците за хоспитализација. Лекот „Мерк“ е лек за којшто се завршени клиничките студии и на 30 ноември американската агенција за лекови FDA треба да има состанок, на којшто ќе го каже ставот во однос на дозволата за употреба. Ние изразивме интерес да има некаква форма на пре-резервација на одредена количина за нашите пациенти во најкраток можен период откако ќе се завршат сите административни процедури“ изјави министерот за здравство д-р. Венко Филипче.

Бројот на вакцинирани граѓани со трета доза е 46 илјади до денес. Безмалку сто, поточно 99 иако примиле три вакцини, сепак завршиле на списокот позитивни на Корона.

Најголем дел од нив биле пројавиле симптоми 3-4 дена по примањето на вакцината, и нема хоспитализирани.

Еден дури завршил и со смртен исход, но веќе се борел со друга многу тешка болест.

Во однос на вкупниот број на вакцинирани тој се движи околу 40%, а тоа е малку според сите епидемиолошки проценки и затоа Македонија ја очекува долга зима.

„Опфатот на вакцинација треба да се зголеми, дефинитивно. Невакцинираните пациенти се тие пациенти коишто сега го оптоваруваат здравствениот систем. Во болниците 80% се невакцинирани и дозволете да разговараме на Комисија за заразни болести, ќе слушнеме мислења, ќе размениме некои искуства во регионот вклучувајќи и други европски земји – апсолутно не само од регионот“ изјави министерот за здравство Филипче.

Задутре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести на којшто ќе се разгледува моменталната состојба.

Нови мерки ќе бидат преземени ако има голем притисок врз болниците. Опциите се отворени вели министерот, но секое решение мора да биде издржано.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект во трафостаница доведе до краток прекин на струја во делови од Центар, вклучително и Клинички, проблемот надминат

Дејан Дејан

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе