Претседателот на Франција, Емануел Макрон, им испратил писма на сите француски амбасадори во земјите од Европаката Унија, во кои бара од нив интензивно да работат за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија, тврди албански интернет портал, повикувајќи се на сопствени извори од Елисејската палата.
Според Албаниан пост, францускиот претседател поставил два клучни датуми. Првиот е 14 декември, до кога треба да биде решен проблемот меѓу Бугарија и Македонија, и вториот е 31 декември, кога треба да се отворат преговорите со Албанија и Македонија.
Причината за оваа француска офанзива, според албанскиот портал, е што Париз го презема претседателството на 1 јануари, и не сака да преземе стар нерешен проблем.