Култура

Билјана Драгиќевиќ со „ Кармен“, вечерва пред публиката во Сараево

Драмскиот театар од Скопје, вечерва гостува на меѓународниот фестивал „Рута Група Триглав“, во Сараево со монодрамата „Кармен“, во изведба на Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценските движења ги креира Олга Панго, костимограф е Раде Василев, композитор е Горан Трајковски, а фотографиите и дизајнот на плакат се на Елена Бојаџиева.

Претставата Карменпремиерно беше изведена во мај минатата година. А, Билјана Драгиќевиќ – Пројковска за улогата во оваа монодрама ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на монодрамата во Битола, оваа година.

Фестивалот Рута Група Триглав“ е составен од шест театри од регионот: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија. Основната цел на фестивалот е поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациона смисла. Ова претставува одлична можност театарските куќи да се презентираат и промовираат во регионот и секако да се направи пат за понатамошни ко-продукции или други форми на соработка, велат од Драмскиот театар.

 

 

 

 

 

 

 

Со почит,

Драмски театар Скопје

 

                                                                                                   

                                                                                      

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе