Теута Ајдини Јегени актерка од Албанскиот театар во Скопје која со главната улога во нејзиниот последен филм, Вера сонува за морето доби „Гран при“ награда на филмскиот фестивал во Токио.
По светската премиера на филмот на фестивалот во Венеција, Јегени изјави дека живее во една мала чудесна земја, каде невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде желбата станува реалност, каде сонот станува јаве.
„Јас не знаев дека како актерка која доста сум придонела на сцената, дека ќе се случи добро сценарио во кое јас ќе играм. Многупати сум била лута во некој филм во кој јас посакувам да бидам. На сите мои блиски им велев јас ќе стапнам еден ден на црвен тепих, иако не знаев што може да се случи, иако не знаев дека некому сум му нарачала некое сценарио или нешто сум побарала за мене да пишува нешто“ – изјави актерката Јегени во рубриката „Да си кажеме“ на Утринската на Телма.
Филмот ја опфаќа темата за посебна генерација на жени кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20-тиот век. „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу Косово, Албанија и Македонија.
Сценариото на филмот е на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски а продуцент од Македонија е Дрим Фектори на Огнен Антов.
„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијаа и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.
Во продолжение погледнете го гостувањето на актерката Теута Ајдини Јегени во Даси кажеме со Горан Петревски на Утринската на Телма телевизија.