Вести Економија Топ вести

Цената на хаваријата: ЕСМ плаќа над милион евра за струја што би ја произвеле за 168.720 евра

За три дена, заклучно со утрешниот после петочниот пожар на трансформатор и утринското гаснење поради пукната цевка, ЕСМ на 6-ти ноември купило струја во вредност од 1.091.863,2 евра. За неделата купено е количество од 240 мегават часови, додека за понеделник и вторник (утре) купени се 4.320 мегават часови (2.160 мегават часови за секој ден).

Струјата која денеска ја користат голем дел од граѓаните всушност е купена и е дел од оваа сума. За денес и утре според документите купено е по 2.160 мегават часови, односно тоа е 1/6 од струјата која е произведена во Македонија вчера.

Тоа значи дека ова количество на купена струја всушност не може да биде доволно за да ја замени непроизведената струја во РЕК Битола која ќе ја нема поради пукнатата цевка и нејзина замена.

Македонија дополнително ќе продолжи да зема струја и од европската енергетска мрежа за да го надополни недостатокот.

Цената за која ЕСМ плаќа се движи од 199,06 до 259,25 евра за мегават час. Продажната цена на ЕСМ на струјата произведена од електрани е 37 евра за мегават час и е гарантирана цена за продажба на домаќинствата.

Кога ќе се собере вкупната енергија купена за 200 евра и поскапо за мегават час излегува дека ЕСМ ќе потроши речиси 1,1 милион евра или за 9 пати поскапо отколку цената за која ја произведува истата количина на енергија односно 168.720 евра.

Исто така еден блок на РЕК Битола обезбедува моќност од 200 мегавати во еден час, а ЕСМ со брзата анти-хавариска набавка купува струја од 5 различни компании со вкупна моќност од 90 мегавати за час или помалку од половина отколку што произведува само еден блок на РЕК-от. А цената е 9 пати поскапа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе