Економија Топ вести Топ тема

Азески: Прогласување енергетска криза е неминовно, компаниите нема да се соочат со рестрикции

Владата ќе мора да прогласи енергетска криза вели, првиот човек на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески во интервјуто со Наташа Стојановска за Топ Тема.

Компаниите веќе се здружуваат за заеднички да обезбедат струја за следната година, а Владата веројатно ќе води сметка да се минимизира ударот врз домаќинствата, посочува Азески.

Не може оваа работа да помине без прогласување на енергетска криза, не ги знам ингеренциите во ваква констелација на Влада која е во оставка, но криза мора да биде прогласена за полесно да ги носи решенијата во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промена на временските услови и со резервите што ги имаме. Ние покрај тоа што соработуваме со Владата, бараме наши решенија, имаме неколку можности. Веројатно ќе дојде до здружување на компаниите и за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена и ќе ја платиме авансно и така ќе ги обезбедиме потребните количини за да го дочекаме почетокот на годината подготвени. Има можност за наше вклучување во активностите што ги презема државата за подигање на степенот на производство на електрична енергија а ќе има и солидарни потези. Компаниите нема да се соочат со рестрикции на струја, но ќе се соочат со големо покачување на цените на струјата. Интенцијата на Владата е јасна, да ги штити граѓаните, а ние не може да чекаме да бидеме изложени без никаква помош да ги чекаме тешките времиња затоа и ова здружување го правиме, рече

Азески.

Интервјуто со Бранко Азески ќе може да го гледате вечерва во Топ Тема по вестите во 18.30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе