Македонија Најважни

Оставката на Заев не пристигнала на Бихаќка

Оставката што претседателот на СДСМ Зоран Заев ја најави завчера, се уште не стигнала во партиското седиште на Бихаќка.

Без оставка во писмена форма, не може да почне ниту процедурата за организирање внатрепартиски избори и за закажување конгрес.

Додека шпекулациите за наследник на Заев почнуваат од неговите најблиски соработници па преминуваат на поранешни партиски функционери, од партијата само кусо одговараат.

“Во периодот што следи, органите на партијата заедно со претседателот Заев работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира, со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата” – тврдат од СДСМ.

Целокупното раководство на партијата одбегнува одговори на прашањата поврзани со оставката на лидерот, процедурата и динамиката на бирање нов. Според Статутот, одлуката за распишување предвремени избори за претседател ја донесува Извршниот одбор во рок од 15 дена од престанокот на функцијата.

Заев ќе ја официјализира оставката на крајот на годината?

Во таа одлука, веднаш треба да се назначи и датумот на кој ќе се спроведат изборите со тајно гласање на партиското членство.

Партијата треба да организира и постизборен конгрес, за анализа и отчет на локалните избори.

Со оглед на лошите резултати, неизвесен е опфатот на оние што треба да понесат одговорност. Заев беше избран пред седум месеци со гласовите на речиси 60 илјади социјал-демократи, а партијата ја води од конгресот во 2013.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе