Економија Македонија Топ вести

Во Буџетот нема ставка за справување со енергетската криза

Владата планира во од да се справува со енергетската криза за која прогнозира дека ќе заврши во вториот квартал од наредната 2022 година.

Во новиот Буџет нема посебна ставка за справување со енергетската криза, не е вкалкулирано ниту  пак намалување на акцизите на енергенсите чија цена постојано расте како евентуална мерка за ублажување на последиците. Минисетрот Бесими ја префрли топката на економски тим кој работи на пакетот мерки кои долнително би биле предложени.

Кризата во енергетскиот сектор се продлабочува. Производството на струја е далеку од посакуваното ниво за да може да ги задоволи потребите.

МЕПСО продолжува да превзема струја од европската енергетска мрежа поради што вчера доби и пета опомена од центарот во Женева, Швајцарија.

Само за октомври превземени се 80 гигават часови од оваа мрежа за кои МЕПСО ќе треба да плати околоу 15 милиони евра поради што директорот рамадани алармираше дека во прашање се доведува ликвидноста на ова државно претпријатие.

Од Владата нема одговор колку пари ќе биде помошта за МЕПСО.

А цената на горивата до година ќе зависи и од т.н. „зелен данок“ но законот  е заглавен во Собранието.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе