Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно-политичкото спротивставување, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи во врска со „агресивната политичка кампања спроведена минатата недела, поврзана со намерната злоупотреба на темата со поседувањето бугарско државјанство во изборниот процес во Република Северна Македонија.
Бугарската страна се воздржа од итна реакција, бидејќи не сакаше да се вклучи во предизборната полемика во Република Северна Македонија, соопшти МНР, истакнувајќи дека ваквиот конзистентен став за немешањето во политичките процеси во нашата соседна земја не значи прифаќање континуирана дискриминација и говор на омраза кон граѓаните на Република Северна Македонија кои на некој начин се поврзани со Република Бугарија и бугарскиот народ.
Настаните од изминатата недела и агресивната реторика во изборната кампања за градоначалник на Скопје се уште еден илустративен пример за наметнатата атмосфера на нетрпеливост и непријателство кон граѓаните со бугарски идентитет и кон Република Бугарија, соопштија од бугарското МНР.
Апсолутно е неприфатливо да се користи говор на омраза како инструмент на внатрешно- политичките спшротивставувања. Ваквото однесување и методи стимулираат дискриминација и нетолеранција. Тие се директно негирање на основните европски вредности и спротивни на сите демократски норми. Придонесуваат за создавање неповолна средина за граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и до секој кој сака да развива пријателски односи со Република Бугарија, посочуваат од бугарското МНР.
Неуспехот на оваа антибугарска кампања на последните избори покажува дека таа не наидува на поддршка од граѓаните.
Бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека според чл. 11, ст. 6 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, двете страни треба да преземат „ефикасни мерки да спречат недобронамерна пропаганда од страна на институциите и агенциите и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејствија кои би им наштетиле на нивните односи.