Вести Македонија

ДКСК: „Филм за мали деца“ – Директор се вработил самиот себе во јавно претпријатие

„Како во филм за мали деца“- Директор на јавно претпријатие

Граѓанин пријавил – антикорупциска бара кривична одговорност. Директор се самовработил во истото јавно претпријатие со кое управува но на друга позиција. Државната комисија за спречување корупција ги разгледала документите и се сомнева дека е планирано сценарио за остварување корист, или како велат членовите на комисијата „Филм за мали деца“ во кој улога играле и в.д. директорот на јавното претпријатие, но и градоначалникот користејќи ја својата функција и положба со тоа што обезбедиле корист за друго лице односно за актуелниот директор . Целта била директорот да си обезбеди за себе работно место, така што после завршувањето на неговиот мандат како директор, би можел да се врати во институцијата како вработено лице.

  • Симптоматично беше што директорот на ЈП дава оставка од функцијата директор, се бира в.д директор, па понатаму оди конкурс за избор на јавни службеници, па после повторно оди конкурс за избор на директор. Сето тоа би било во ред доколку, како главна улога во сета таа постапка не е едно исто лице односно директорот во ЈП, рече Николовска, член на ДКСК.

Самата постапка нема слабости, констатира комсиијата и се е согласно законите и роковите, а комисијата за селекција го избира кандидатот – директорот, но доколку стариот директор, сега јавен службеник, не се јави како единствен кандидат за директор и градоначалникот го бира него повторно за директор на ЈП.

  • Режирано и за срамота, филм за деца, рече членот на ДКСК, Нури Бајрами. – Да се поднесе иницијатива за уште еднаш ова да не се повторува на ваков начин, додаде тој

ДКСК информира дека утврдила 710  функционери кои по изборот или смената на поднеле анкетен лист за имотна состојба до комисија и го пробиле рокот од 30 дена. Антикорпциска ќе им испорача парични казни и ќе ги објави нивните имиња. Комисијата денеска им отвори работа и на членовите на судскиот совет препраќајки им предмет во кој бил пријавен судија и се бара да се гони кривично заради водење постапка.  Судијата посочен во предметот, заклучија на денешната седница членовите на Антикорупција, да се вклучи во годишниот план за проверка на податоците од анкетниот лист за имотната состојба.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе