Вести Македонија

ДИК: До 9 часот излезноста 5, 25%

Излезноста до девет часот била 5,25 проценти, а гласале 56.700 гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. На неколку избирачки места поради проблеми со уредите за биометриска идентификација со задоцнување почнало гласањето. Тимовите за техничка поддршка се на терен и работат на надминување на овие проблеми.

„Во Скопје имаше технички проблеми на избирачко место во Кисела Вода, Карпош, Центар и Сарај, а во земјава имаше во Злетово, Македонски Брод, Лабуништа и Чешиново-Облешево. Главно станува збор за технички проблеми, односно мемориските картички не работеа па се сменија со други. На другите избирачки места имаше различни податоци, па ИТ инжинерите ги средија. Секаде се решени проблемите и гласањето си тече. Таму каде е прекинато за саат време ќе биде продолжено за исто толку време“, рече Даштевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе