Вести Македонија Најважни

Помасовна излезност во Битола и Охрид, помала во Струга- пресек за 18:30

Во Битола дeнеска до 18,30 часот гласале 58,90% запишаните избирачи, додека, во истиот термин во првиот круг излезноста била 53,96%

Во Охрид попладнево до 18,30 часот на гласање излегле 58,12 % од граѓаните со право на глас во оваа општина, додека пред две недели кога се одржуваше првиот круг на локалните избори до истиот термин гласале 54,35% од граѓаните со право на глас.

Во Кочани во првиот круг на гласање до 18,30 часот излегле 47,10% од запишаните гласачи, додека денеска до истиот термин гласале 53,61 % од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Во Кичево попладнево одзивот на гласачи до 18,30 часот е 47,11%, додека во првиот круг на локалните избори изнесувал 42,88%.

Денеска до 18,30 часот во Тетово на гласање излегле 45,45 % од гласачите запишани во избирачкиот список, додека во истиот термин на првиот круг излезноста била 41,39%.

Во вториот круг на овие локални избори до 18,30 часот во Куманово на гласање излегле 48,97 % , додека пред две недели до истиот термин одзивот на гласачи бил 47,37%.

Во Струга денеска до 18,30 часот на гласање излегле 42,28 % додека  во првиот круг на локалните избори гласале 43,84% од граѓаните запишани во избирачкиот список.

До 18,30 часот попладнево во Гостивар гласале 39,48 %  додека во првиот круг до истиот термин гласале 37,73%.

Во Вевчани до 18,30 часот денеска на гласање излегле 81,20 % додека во вториот круг на овие локални избори гласале 73,24% од запишаните избирачи.

Во Ранковце денеска до 18,30 часот гласале 78,23 % а во првиот круг до истиот термин на гласање излегле 67,26% од запишаните избирачи.

Во Конче денеска до 18,30 часот на гласање излегле 77,95 % додека 72,46% излегле во првиот круг.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе