Вести Македонија Најважни

На девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за еден час

За еден час ќе биде продолжено гласањето во девет избирачки места, бидејќи гласањето било прекинато подолго од еден час во Ценатр и Сарај на три избирачки места, а во Карпош, Чешиново Облешево и Зелениково во по едно избирачко место. Наместо во 19 часот, на овие места гласањето ќе заврши во 20 часот. Проблемите според ДИК биле технички, односно неможноста апаратот да ја прочита мемориската картичка, но истите се решени.

Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати, истакна на втората прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

До 11:00 часот излезноста е 14,18 проценти, а вкупниот број на избирачи кои гласале се 160.035.

Поголема излезност е регистрирана во Ранковце 38,2%, Вевчани 31,24%, Демир Капија 30,14%, Пехчево 28,44%, Конче 26,74%, Демир Хисар 25,19%, Битола 19,56“.

Во Оштините Сарај, Боговиње има најмала излезност од 11:00 часот со околу 6 проценти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе